Повеќе градови во Словенија ги откажаа новогодишните огномети

Со цел да се спречи загадувањето на воздухот и да се зголеми општата безбедност поголемиот број словенечки градови ги откажаа традиционалните новогодишни огномети.

Од поголемите градови први на ваков чекор се решија Марибор и Целје, а локалните власти најавија дека точно на полноќ, наместо огномет ќе има аудио и видео перформанси. Други градови пак најавија дека огнометот ќе го заменат со био-разградливи конфети. Дополнително, некои градови и општини комплетно ги забранија пиротехничките средства со цел да се не се загадува воздухот, да се зголеми безбедноста и да не се вознемируваат животните.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ