Потврден првиот случај на заразен со новиот коронавирус во Турција

Првиот случај на заболен од новиот коронавирус е потврден во Турција. Станува збор за човек кој се вратил од Европа, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа.

Тој не даде повеќе детали за пациентот ниту откри од која земја допатувал за да ја заштити неговата приватност.

Коџа рече дека пациентот е во изолација и дека членовите на неговото семејство и другите луѓе кои биле во контакт со него се во карантин.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ