Потврден прв случај на новиот коронавирус во Канада

Прв случај на новиот коронавирус е потврден во Канада, соопшти Владата на земјата.

Според владиното соопштение, здравствениот систем во Торонто бил известен за првиот потврден случај на коронавирус кај личност која неодамна се врати од Вухан, градот во Кина од каде почна да се шири заразата.

Во соопштението се додава дека заразеното лице е во болница и неговата состојба е стабилна.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ