Потрагата по преживеани продолжува под урнатините на Моранди

Тагата поради смртта на 39 лицб б  ба во Италија е измешана со гнев како виталната инфраструктурна делница, нарекувана ремек дело на инжењерството, едноставно се урна. Владата прогласи дводневна жалост додека потрагата по преживеани продолжува во урнатините. Спасувачките екипи и властите не знаат точно колку луѓе имало во 40-сетината возила кои биле на мостот во моментот на неговото уривање. Неколку лица се уште се водат како исчезнати, откако роднините пријавиле дека се наоѓале на мостот Моранди.

„Неговото име не е меѓу исчезнатите, не е меѓу болничките пациенти, се уште не знаеме ништо. Се надевам дека е во оваа која сега пристигнува затоа што ми рекоа дека пронашле некого. Синоќа одговори на својот телефон, го уклучи телефонот па се надеваме дека тоа е добар знак“, вели Елена Делорто, роднина на едно од исчезнатите лица.

Стотици спасувачи, пожарникари и полицајци цела ноќ ги пребаруваа урнатините во потрага по преживеани, но се што откриваа беа тела на  загинати. Но властите не се откажуваат и тврдат дека потрагата ќе продолжи се додека не се пронајде и последниот.

„Правиме пресметки врз основа на бројот на возила кои поминувале низ мостот. Мислиме дека оваа хипотеза, земајќи во предвид 35 возила, можеме да претпоставиме дека се уште има луѓе“, вели генералот на Карабињерите, Рикардо Скиуто.

Поради опасноста да се урне и остатокот од мостот, полицијата евакуираше 440 луѓе од околните објекти.

Мостот Моранди е дел од автопатот А10 кој ја поврзува италијанската ривиера со пристаништата и продолжува кон јужниот брег на Франција. Во моментот на неговото уривање се спроведувала реконструкција и зајакнување на неговите столбови.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ