Постигнат прелиминарен договор за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј постигна прелиминарен договор со Европската унија за Брегзит, објави „Тајмс“, повикувајќи се на владини извори.

Постигнат е финансиски договор, кој ќе им овозможи на фирмите на островот траен пристап до пазарите на ЕУ по Брегзит.

Преговарачите од двете страни постигнаа прелиминарен договор за сите прашања околу пазарот на услуги и размена на податоци.

Договорот ќе им овозможи на британските компании пристап до европските пазари, а британската финансиска политика во голема мера е во согласност со европската.

Веста, исто така, имаше и непосреден економски ефект – по објавувањето на договорот, вредноста на фунтата се зголеми за 0,5 поени во однос на американскиот долар.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ