
Порошенко: Путин ја сака цела Украина
Украинскиот претседател Петро Порошенко го обвини неговиот руски колега Валдимир Путин дека сака да ја анектира цела Украина кон Русија и го повика Западот да му пружи помош на Киев.
– Путин сака да ја возобнови старата Руска Империја. Ги сака Крим, Донбас, целата земја. Како руски цар, за каков се замислува, неговата империја не може да функционира без Украина. Тој на нас гледа како на негова колонија, изјави Порошенко во интервју за магазинот „Билд“.
Тој го повика НАТО да стационира воени бродови во Азовското Море и да ја поддржи Украина во спорот со Русија. Според него, Путин сака да го окупира Азовското Море и затоа е потреба решителна реакција на Западот, бидејќи како што вели Путин го разбира единствено јазикот на западниот свет.
Во врска со инцидентот во Керченскиот Теснец, Порошенко ги отфрли обвинувањата на Москва дека станувало збор за провокација од страна на Киев.
– Не им верувајте на лагите на Путин, порача Порошенко, доадавјќи дека Москва обвинувала за украински провокации и во 2014 година „кога испрати војници на Крим“.