
Поранешен ученик уби 17 луѓе во училиште на Флорида
Поранешен ученик во средното училиште од градот Паркленд во Флорида отвори оган во училиштето и уби 17 луѓе, соопшти окружниот шериф Скот Израел.
Тој информира дека е утврден идентитетот на напаѓачот и оти се работи за 19-годишниот Николас Круз. Тој мирно и се предал на полицијата, додаде Израел.
Кај него е пронајдена најмалку една пушка и повеќе муниција. Повеќето жртви, 12 се убиени во самото училиште, а некои пред објектот. Меѓу жртвите има и ученици и возрасни.
Напаѓачот бил исфрлен од училиштето поради дисциплински причини.
По сослушувањето во полиција тој е префрлен во псијатриска болница
Претседателот Доналд Трамп им изрази сочувство на семејствата на убиените.
„Моите молитви и сочувство се за семејствата на жртвите на страшното пукање на Флорида. Ниедно дете, професор или кој било друг не смее да се чувствува несигурно во американските училишта“, напиша Трамп на Твитер.
Средното училиште Марџори Стоунмен Даглас во Паркленд, кое се наоѓа на околу 72 километри од Мајами и околу 24 километри западно од Форт Лодердејл е затворено, а учениците се криеле по училниците додека не биле спасени од полицијата.