Помпео: Русија да помогне во санкциите против Северна Кореја, а не да ги крши

Американскиот државен секретар Мајк Помпео побара од Русија да помогне во спроведување на санкциите на ОН против Северна Кореја, наместо да ги прекршува.

На маргините на годишниот форум на Асоцијацијата на држави од југоисточна Азија (АСЕАН) во Сингапур, Помпео пред новинарите изјави дека САД имаат нови, веродостојни извештаи дека Русија ги крши санкциите на ОН со тоа што дозволува заеднички работи со севернокорејски компании и со издавање на нови дозволи на работниците од Северна Кореја.

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја од своја страна,  вели дека е се позагрижен од односот на САД кон неговата земја, но изрази цврста решеност за спроведување на она што беше договорено со Вашингтон во јуни.

САД и Северна Кореја на состанокот на лидерите во Сингапур во јуни се договорија за ставање крај на нуклеарната програма на Пјонгјанг и за склучување мир на Корејскиот Полуостров.

– Северна Кореја е цврста во својата решеност и посветеност за спроведување на заедничката изјава на Северна Кореја и САД на одговорен и совесен начи”, изјави Ри Јонг Хо.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ