Полициски час во главниот град на Колумбија, Богота

Претседателот на Колумбија, Иван Дуке Маркез нареди да се воведе полициски час во Богота поради масовните протести во главниотград.

Полицискиот час беше воведен ден по најголемиот протестен марш во Колумбија, со околу 250.000 луѓе на улиците. По мирниот протест, вчера се случија судири меѓу демонстрантите и полицијата. На централниот плошдат во Богота демонстрантите го изразуваат незадоволството со удирање во лонци, што е традиционален вид на протест познат како “касероласо”.

Министерството одбрана соопшти дека загинале три лица.

Демонстрантите по улиците на колумбиските градови го изразуваат своето незадоволството од владата, вклучувајќи ги и економските реформи, поради отсуство на владина акција во борбата против корупцијата и убиствата на активистите за човекови права, кои претседателот Иван Дуке ги негира.

Аналитичарите се скептични дека протестот може да доведе до подолги немири како во Боливија, Чиле и Еквадор и наведуваат дека во поделената земја којашто ја има една од подобрите економии во регионот, нема доволно фактори кои би ги обединиле незадоволните.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ