Полицијата во Атланта уби уште еден невооружен Афро-американец

Полициските службеници во Атланта пукале и убиле 27-годишен Афроамериканец, откако го пронашле како спие во близина на премин за автомобили пред ресторан за брза храна. Американските медиуми пишуваат дека станува збор за 27-годишниот Рајшард Брукс.

Во полицискиот извештај пишува дека, полицијата излегла на терен, откако добила повик дека еден автомобил го блокирал преминот на другите. Полицајците во возилото го проначле 27-годишниот Брукс, кој не го поминал алхо-тестот, по што полициските службеници сакале да го приведат, но тој давал отпор. Во тој момент, еден од полицајците извадил електричен шокер, но Брукс се обидел да го земе, по што било пукано во него. Брукс е одведен во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

Лекарска помош добил и еден од полицајците бидејќи бил повреден за време на апсењето, но тој бил пуштен на домашно лекување. Државниот обвинител побара од јавноста ако сведочеле на овој настан , или го фотографирале да се јават во полиција,

Демонстрантите денеска се собраа пред ресторанот каде се случил инцидентот.

 

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ