Поддржувачи на Пуџдемон ги блокираа патиштата во Каталонија

Демонстранти претпладнево блокираа патишта во Каталонија во знак на протест поради апсењето на поранешниот регионален лидер Карлес Пуџдемон во Германија и приведувањето на други сепаратистички лидери во Шпанија.

Регионалната транспортна служба соопшти дека се блокирани автопатот А7 во близина на француската граница и националниот магистрален пат Н340, кој ја поврзува Каталонија со југоисточна Шпанија. Освен тоа, сепаратистите го прекинале и движењето на двата главни приоди кон Барселона, од север и од југ, но оваа блокада по извесно време била отстранета.

Протестите ги организираат Комитетите за заштита на Републиката“. самоорганизирани групи граѓани кои дејствуваат низ цела Каталонија и вчера објавија дека започнуваат со протести.

Тие издадоа соопоштение во кое истакнуваат дека по последните апсења и притворот на Пуџдемон „станало јасно дека е помината точката од која нема враќање“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ