Починаа повеќе од 250 илајди луѓе, светот и регионот ги олабавуваат мерките

Бројот на починати од коронавирусот во светот надмина 250 илјади починати.   Болеста полека забавува во регионот и во Европа, но државите се претпазливи со олабавување на мерките. Сепак, животот мора да се врати во нормала, а економиите некако да се спасат. Шпанија, која заедно со Италија беше најпогодена од пандемијата, се одлучи полека да ги отвори малите продавници и фризерските салони. Многумина тука мислеа дека руралните средини ќе бидат поштедени од болеста, но се случи спротивното. Голем број од шпанските села регистрираат заболени и починати жители. Затоа, властите инсистират на продолжување на вонредната состојба. Италија, првото европско жариште, исто така дозволи да се отворат малите бизниси. Иако, луѓето уживаат во новата слобода, сепак за вистинскиот италијански живот ќе треба да почекаат.

„Само основните вкусови на пиците се достапни. Треба време. Постепено луѓето ќе се навикнат да носат маски во отворените продавници и ресторани и да држат физичка дистанца.

„Многу сум среќен. Прво нешто што го направив за време на работната пауза е да го земам велосипедот, да се пресоблечам и да повозам малку, пред да се вратам на работа.

Во Франција исто така ќе бидат задолжителни маските на отворено, а  мерките се укинуваат на 11-ти мај. Шведска останува на ставот да се продолжи животот, и да се стекне колективниот имунитет. Иако бројаката од две ипол илјади починати е многу поголема во споредба со нејзините соседи кои воведоа ригорозни мерки. Депресивните нови бројки за починати и заболени во Америка го уби оптимизмот во земјата, каде дел од сојузните држави веќе најавија чекори за повторно отворање на економијата. Наредбата „остани дома“ го забави вирусот, но не успеа да го сопре на пошироко ниво, оставајќи ја нацијата со 30 илјади нови случаи на ден, односно една четвртина од вкупно почиантите во целито свет. Во меѓувреме, КОВИД 19 се пресели во Русија, Мексико и Бразил. И тука болеста коси, а руските власти не остават на случајности. Нови технолошки пронајдоци се користит во битката против ковидот, а фабричките погони во Русија добиваат компјутери-роботи за мерешње на темепратрута и здравствената состојба на работниците. Додека светот се консолидира преку меѓусебно помагање, продолжуваат обвинувањата на Америка дека Кина молчела за вирусот, и дека не е природен, и создаден е во лабораторија во Вухан. СЗО велат дека се уште не стигнале до нив никакви документи од Америка со кои го потврдуваат својот став. Француска болница, пак, повторно тестирала стари брисови од пациенти со пневмонија и открила случај на коронавирус кој датира од 27 декември иако до сега првите позитивни случаи беа двајца луѓе кои патувале во Вухан на 24 јануари.

Павле Беловски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ