Почина ѕвездата на српското актерство Небојша Глоговац

Рано утрово во Белград, на 48 годишна возраст, почина истакнатиот српски актер од средната генерација,  Небојша Глоговац. Кариерата ја започна уште како матурант, во серијата „ Подобар живот“, а по дипломирањето на ФДУ во Белград, се вработи во Југословенско драмско позориште.

Зад себе остави 70 –тина филмски и телевизиски остварувања, како и 30 – тина во театарот.

Тие беа пример за вонредно добро изградени улоги. Соработуваше со најголемите режисерски имиња од регионот. Меѓу нив се и Слободан Унковски и Александар Поповски, со кој во 2016 година во ЈДП работеше на насловната улога во Шекспировиот „ Хамлет“. За самопрегорната работа Глоговац ги доби сите значајни српски и регонални признанија, а врвот го достигна со наградата „ Европски актер на годината“, за улогата во филмот „Устав на Република Хрватска“.

По повод смртта на Небојша Глоговац, неговите колеги од утрово испраќаат пораки на социјалните мрежи.

Неговата колешка и блиска пријателка, Наташа Нинковиќ, напиша: „ Засекогаш во моето срце, со ангелите мил мој“.

А и од клубот Црвена ѕвезда, чиј навивач беше, изразија сочувство.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ