
Почина уште една жена како последица на сообраќајката кај Ниш
Уште една жена почина по сообраќајната несреќа кај Ниш. 70-годишната Г.С. која беше тешко повредена од несреќата кај Ниш откако воз удри во автобус, почина синоќа како последица на сударот кој се случи на 21. декември на еден од железничките премини во близината на градот.
Според болнички извори повредите на карлицата и на белите дробови биле фатални по животот на оваа жена.
Таа е шеста жртва во оваа несреќа, во која беа повредени и 34 лица.