
Почина Стивен Хокинг, физичарот кој не направи посебни
Црните дупки не се така црни како што ги опишуваме. Тие не се вечниот затвор каков што ги замислуваме. Може да се излезе од нив, дури и во друг универзум. Така да знајте, ако се чувствувате заробени, секогаш постои излез.
Така говореше Стивен Хокинг пред луѓето кои патат од депресија, човекот кој ја изучуваше гравитацијата, и кој успеа да ја победи со силата на својот ум, претворајќи се во една од најголемите интелектуални фигури на денешницата, научник познат во целиот свет.
Една од неговите омилени слики беше као лебди во бестежинска состојба. Патот во свемирот беше неговиот сон, нешто што речиси ќе го почуствува со суборбиталниот лет со Вирџин Галактик. Не е лошо за некој што 21 година ќе добие дијагноза која гласи како пресуда, амиотрофна латерална склероза, која според лекарите му остава неколку години живот.
„Тој е мошне невообичаен, за некој што има моторно неуролошка болест, речиси 50 години во неговиот случај, ако ја развил кога има 21 година, тоа е неверојатно. Не мислам дека можам да се сетам на која било друга личност која живееле толку долго со моторно неуролошка болест“.
Стивен Ховкинг кој почина денес на 76 години, беше роден во Оксфорд, на 8 јанаури 1942 година, точно три века по смртна на омилениот за него Галилео Галилеј. Можеби токму тоа случајно наследство, од дете ќе го заинтересира за мистериите на космосот.
„Израснат е во многу хармонично, ексцентрично семејство во Св. Албан. Татко му беше доктор, многу почитуван доктор, имаше две сестри и потоа и посвоен брат“.
Како во секое добро семејство, татко му сакал да учи медицина, но Стивен бил зањубен во математика. Но, Оксфорд нема студии по математика, па ќе запише физика. Дипломира на 20 години, со подобри резултати и од најбрилијантните ученици, и потоа преминува кај школскиот непријател Кембриџ зошто Оксфорд не се бави со космологија. Тогаш и настапува болеста.
„Тој имаше чудни соништа околу умирање за доброто на човештвото, но навистина не знаеше што ќе се случува со него, не знаеше колку брзо ќе се влоши сосотјбата. Му рекоа да продолжи со докторатот,нешто што налкуваше на тажна, смешна шега, затоа што беше убеден дека никогаш нема да го заврши“.
Но, иако врзан за инвалидска количка Хокинг се нафаќа со работа и во 1974 година го издава својот најважен резултат, прво елаборирајќи нов модел во теоријата на Ајнштајн, а потоа и таканаречанта евапорација на црните дупки. Според Хокинг овие космички омнивори не се ограничени само во проголтување на се тоа што ќе им се приближи, туки и дека губат дел од својата енергија во форма на радијација, која оттогаш е позната како хокинговата радијација.
Во научната заедница Хокинг станува еден од големите учители, но универзалната популарност доаѓа во 1988 година со издавање со неговата прва книга за широката публика, Од Биг Бенг до црните дупки, која станува бестселер, популаризирајќи ја и доближувајќи ја модерната космологија до љубителите од целиот свет.
Митот за Хокинг е роден, и покрај неговите научни истражувања, станува и пример за борба против болеста, но и силен глас, пренесен благодарение на еден софистициран вокален синтетизатор, за зачувување на планетата и прогресот на човештвото.
„Сакам да ја искажам пораката јасно и гласно – мораме да се грижиме за планетата. Доколку не се грижиме, човечкиот вид нема да ги преживее идните илјада години“.
Како Галилеј на еден бурен и тежок век, со Хокинг си заминува еден од најголемите интелекти, магичен за науката, протагонист на една неверојатна интелектуална авантура. Хокинг можеби не победи во својот опсесивен предизвик да ги открие сите мистерии на Космосот, но отвори еден прозорец за човештвото, доближувајќи не до конечните одговори, ако воопшто може да се каже дека постојат.
И ни остави една многу убава идеја за нашето место во светот. Ние сме само напредни потомци на мајмуните, на една минорна планета покрај една обична ѕвезда. Но, во состојба сме да го разбереме Универзумот.
И тоа, е нешто што не прави да сме многу посебни.
Ивор Мицковски