
Почина легендарниот шампион на Формула 1 Ники Лауда (видео)
Трикратниот Формула 1 шампион, легендарниот Ники Лауда почина на 70-годишна возраст.
Австриецот кој беше подложен на трансплатација на белите дробови минатиот август вчера итно бил примен во болница во Виена, но овојпат не успеал да ја добие најважната битка.
Лауда ја освои Ф1 со Ферари во 1975 и 1977 година, а потоа стана шампион со Мекларен во 1984 година.
Последните години извршуваше менаџерска улога во тимот на Мерцедес.
Лауда, кој беше пренесен во трансплантацијата на белите дробови во август, во понеделникот “почина мирно”, соопшти неговото семејство.
“Неговите уникатни достигнувања како спортист и менаџер се и ќе останат незаборавни, неговиот неуморен занес за акција, неговата директност и неговата храброст остануваат пример и репер за сите нас”, се вели во соопштението на неговото семејство.
На 1 август 1976 година, една година по освојувањето на првата титула, тој доживеа несреќа изгореници од третиот степен ја зафатија и главата. Се соочи и со труење од токсични гасови што ги оштети неговите бели дробови кога болидот се запали на трката за германското гранд при.
Следуваше чудесно закрепнување и се врати на трки, сеуште со завои, само 40 дена подоцна.
Британскиот поранешен шампион во Формула 1, Џенсон Батон, го нарече “легенда”, додека Мекларен изјави дека Лауда ќе остане “заробен во нашата историја”.
Ривалството на Ники Лауда до британскиот возач Џемс Хантон, светскиот првак од 1976 година, се најде на филмското платно во 2013 година во популарниот фил Раш.
Лауда имаше две трансплантации на бубрезите, во 2005 еден бубрег за него донираше неговата тогашна девојка Брижит Ветзингер, поранешна стујардеса со која се ожени во 2008-мата.
Покрај нивните близнаци, момче и девојче родени во 2009 година, Лауда исто така имала три сина од претходните врски.
Во јануари, Лауда помина околу 10 дена во болница додека боледувал од грип.
Билјана Ставрова