Почина Кофи Анан, поранешен Генерален секретар на ОН

Поранешниот Генерален секретар на ОН, Кофи Анан, почина денеска на 80-годишна возраст по кратко  боледување. Анан беше првиот црн Африканец на чело на ОН. Тој на позицијата Генерален секретар на ОН беше два мандати, од 1997 до 2006 година. Во 2001 година ја доби и Нобеловата награда за мир за хуманитарна работа и залагања, а беше и специјален пратеник на ОН за Сирија, за изнаоѓање на мирно решение за војната.

За негово најголемо достигнување се сметаат Милениумските развојни цели, со кои, за прв пат, се поставија глобални цели по прашањата за борба против сиромаштија и смртноста на децата. Тој беше на чело на ОН во периодот на реформирање на меѓународното тело, но и во периодот на Иранската војна и пандемијата на ХИВ/СИДА во светски рамки.

Анан трпеше и критики за неуспехот на ОН да го спречи геноцидот во Руанда во 90-те години на минатиот век, кога тој беше на чело на мировните операции – сините шлемови – на Организацијата.

Роден во Гана во 1938 година Кофи Анан беше седми генерален секретар на ОН.

Актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш на твитер напиша дека Анан ја предводеше организацијата во новиот милениум со невидена гордост и одлучност. Дека неговата борба никогаш нема да биде заборавена, порача францускиот претседател Емануел Макрон, додека премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, изјави дека Анан го направил светот подобар од што бил кога тој се родил. Рускиот протседател Владимир Путин напиша дека го ценел Анан поради неговатата мудрост и храброст.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ