
Почина градоначалникот на Гдањск кој беше избоден на бина
Павел Адамович, градоначалникот на полскиот град Гдањск, кој вчеравечер беше избоден на бина за време на хуманитарен концерт им подлегна на повредите и покрај напортите на лекарските тимови.
„Не можевме да победиме“, кусо изјави полскиот министер за здравство Лукас Зумовски.
Според полската телевизија ТВН, 27-годишниот маж кој е осомничен за нападот од бината извикал дека невин лежел во затворт додека на власт била партијата Граѓанска платформа, чиј член претходно беше Адамович. Тој минатиот месец бил пуштен од затвор.
Адамович е градоначалник на Гдањск од 1998 година.