Почина драматуршкиот маг Стефановски

Копнеееше по она за што многумина на овие простори и денес мечтаат.  Конечно да се оттргнеме од „дуплото дно“ и „летот во место“.Стефановски  во едно интервју кое ретко ги даваше,тогаш рече: Дај боже во годините кои доаѓаат да можеме да се бавиме со ситни теми, со мали радости, со поединечни животи . Да не мораме да решаваме невозможни стратешки равенки со повеќе непознати. Да ја собереме сета колективна памет на едно место и мудро да ја користиме, а не да ја расфрламе на сите страни, па да не знаеме дали ни е за економија или за култура, за мир или за војна, за лето или за зима.

Со појавата на Стефановски современата македонска драма доживува голем успех. Драмските дијалози во неговите дела, „ ДИВО МЕСО “, „ЛЕТ ВО МЕСТО“, „ХАЈ-ФАЈ“, „ДУПЛО ДНО“, „ТЕТОВИРАНИ ДУШИ“, „ Чернодрински се враќа дома“ хируршки прецизно и денес ја разоткриваат „отворената жива рана“ на сите дилеми со кои се соочува Македонија тогаш и денес.

Неговите предавања и работилници и денес ги цитираат неговите студенти. За време на гостувањето на проектот „Дванаесет“ со порака до младите драматурзи.

„Заврши епохата на вредносни вертикали кои можеа да ги вкоренат културните патокази на ова парче земја“, „мајстор на дијалогот“, „класик на македонската драмска литература“ вака колегите, пријателите и проучувачите на  драмското творештво се збогуваа со легендарниот драматург Горан Стефановски.

Во раскошното творештво на драматуршкиот маг Стефановски се вбројуваат 30 драми кои беа поставени не само во Македонија и регионот, туку и на повеќе европски сцени, но и голем број телевизиски и филмски сценарија. Добитник на највисоките домашни признанија и двократен добитник на „Стереиината награда“. Стефановски е воедно и текстописец на повеќе песни на култната група „Леб и сол“ .

Горан Стефановски во сиот свој животен век беше доследен на својот став и аманет дека работата и обврската на интелектуалецот се да биде дежурен коректор и одговорен уредник на смислата.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ