
Почина Британката затруена со нервен отров кај Солсбери
Дон Старџис, жената за која британските власти велат дека се затру од нервниот отров новичок, вчера починала во болница. Лекарите наведоа дека и нејзиниот партнер Чарлс Роули, кој исто така е хоспитализиран во тешка состојба, нема да се извлече. Двајцата беа пронајдени во бессознание во близина на градот Солсбери, каде порано годинава беа затруени рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои ја преживеаа изложеноста на бојниот отров. Британија ја обвини Русија за намерно труење на Скрипал и поведе меѓународна дипломатска кампања против Русите. Москва ги отфрли обвинувањата.
Инаку, Старџис е мајка на три деца, која била зависничка од дрога и алкохол. Според британските медиуми, се претпоставува дека таа и роули наишле на игла која се уште содржела траги на отровот.