Почина актерот Питер Фонда

Холивудскиот актер Питер Фонда почина на 79 години од рак на бели дробови, соопшти неговото семејство. Неговата сестра, Џејн Фонда, напиша дека последните денови од својот живот, Питер ги поминал во смеа, потсетувајќи се на убавите мигови од минатото. Фонда стана славен по својата улога во еден од филмските класици „Голи во седло“ од 1969-та, каде глумеше заедно со Џек Николсон и Денис Хупер. За овој филм беше номиниран за Оскар за најдобро сценарио. Во 1997-та повторно беше номиниран за Оскар за најдобра машка улога во филмот „Златото на Ули“, за која доби Златен Глобус. Питер Фонда беше дел од ветеранското холивудско семејство. Освен што беше помлад брат на Џејн Фонда, тој е син на актерот Хенри Фонда, и татко на актерката Бриџит. 

Филмот Голи во седло, кој го прослави го истражуваше социјалниот пејзаж на САД во 1960, со хипи движењето, употребата на дрога и социјалните тензии – меѓу другото, во сцените со дрогирање се користи вистинска марихуана  други дроги. Беше голем хит и иако снимен за 400.000 долари, заработи 60 милиони на кино-благајните.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ