
По втор пат се сретнаа лидерите на двете Кореи
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин се сретнаа денеска на границата на двете Кореи.
Како што соопшти Кабинетот на Мун, на оваа втора средба на двајцата лидери станало збор за имплементацијата на договореното на нивниот претходен состанок одржан на 27 април, како и за можноста за одржување средба меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој синоќа најави дека сепак е можно да се сретне со Ким на 12 јуни во Сингапур, иако во четвртокот официјални соопшти дека ја откажува нивната средба закажана за овој датум.