По разговорот Меркел – Џонсон, договор за Брегзит е речиси невозможен

Договор за Брегзит е суштински невозможен по денешниот телефонски разговор меѓу Борис Џонсон и Ангела Меркел.

Британскиот премиер разговараше денеска со германската канцеларка за предлогот кој го достави до ЕУ, но според извор од Даунинг Стрит број 10, договор меѓу двете страни врз основа на барањата на Џонсон е речиси невозможен.

Извори од кабинетот на Џонсон тврдат и дека Меркел порачала дека договор не може да биде постигнат доколку Северна Ирска не остане во царинска унија со ЕУ.

Опозиционата лабуристичка партија оцени дека реакцијата на Џонсон е циничен обид за саботирање на преговорите.

Секретарот за Брегзит во сенка, Кеир Стармер изјави дека Џонсон никогаш нема да преземе одговорност за сопствениот неуспех да понуди реален договор и го повика Парламентот да ја спречи неодговорната влада на конзервативците да ја уништи економската иднина на голем број луѓе, со инсистирање на Брегзит без договор.  

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ