По Обама и Клинтон сомнителен пакет стигна и на адреса на оскаровецот Роберт Де Ниро

Оскаровецот Роберт Де Ниро е последниот критичар на американскиот претседател Доналд Трамп, кој доби сличен сомнителен пакет. Експлозивната направа адресирана до ресторан во сопственост на Де Ниро во Њујорк е деветтата таква испратена. Меѓу останатите експлозивно писмо добија поранешниот претседател Барак Обама, неговиот Државен секретар Хилари Клинтон, потпретседателот Џо Бајден и поранешниот директор на ЦИА Џон Бренан.

  • Оваа држава беше основана на темелот на слободи и права и слободата на говорот. И ако јас и другите сме на мета затоа што зборуваме и ги почитуваме нашите обврски како граѓани, мислам дека повторно тоа е многу несреќен развој на настаните, вели Бренан.

Претседателот Трамп за инцидентите ги обвини медиумите кои со намерно неточно информирање го предизвикале гневот во општеството.  Но Бренан смета дека токму Трамп е изворот на гневот во јавноста.

  • За жал мислам дека Доналд Трамп почесто помага во подгревањето на овие гневни чуства, ако не и насилство, кога самиот посочува на чинови на насилство или кога збоеува за, знаете, кога и самиот цели кон некого од печатот или медиумите, смета тој.

Серијата на овие сомнителни пакети започна само две недели пред почетокот на изборите за Претставничкиот дом. Останатите кои добија такви пратки се  поранешниот Главен јавен обвинител Ерик Холден и финансиерот Џорџ Сорос а конгресменката од Калифорнија, Максин Ватерс доби дури два пакети на различни локации.

 

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ