По 16 години бегство, уапсен еден од најбараните убијци во Европа

Уапсен е еден од најбараните убијци во Европа. По 16 години бегство, Кристофер Гест Мор, уапсен e во Малта за брутално убиство извршено во Велика Британија. Тој  го претепал до смрт Брајан Вотерсрс во 2003та мачејки го брутално пред своите две деца, по што 41 годишниот  Мор успеал да избега од  Велика Британија.

Осомничен е  дека отишол во фармата за канабис на Вотерс за да надомести долг поврзан со дрогата. Другите тројца вмешани во случајот, Џон Вилсон, Џејмс Рejвен и Отис Метјус, се на доживотен затвор за убиството на Вотерс. На 19 јуни 2003 година, тие упаднале на фармата за канабис и побарале пари.

Газдата го врзале за стол, го тепале и мачеле на различни начини цели три часа, а на телото на жртвата подоцна биле констатирани 123 повреди.Мажите, го нападнале и синот на Вотерс, Гевин, а ќерката Натали постојано ја држеле на нишан.

Мор беше активно баран од органите во врска со ова убиство, но и поради обидот за убиство на друг човек, лажно претставување и напаѓање на други жртви на местото на злосторството.Тој веќе се појави пред судот во Валета и започнат е процесот за негова екстрадиција во Велика Британија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ