По 14 часа изгаснат пожарот на француската нуклеарна подморница
Пожарот што изби на француската нуклеарна подморница, што беше на ремонт во Тулон, изгаснат е по 14 часа. Француската морнарица соопшти дека не постои никаква радиоактивна опасност.
Огнот вчера се прошири во предниот дел на подморницата, а беше изгаснат по полноќ, по интервенцијата на сто пожарникари и 150 доброволци.
По избивање на огнот подморницата беше евакуирана, така што никој не е повреден во пожарот.
Подморницата „Перл“ е една од шесте француски нуклеарни подморници и е во функција од 1993 година. Подморницата е на ремонт во Тулон од јануари, а за нејзина модернизација потребни се околу 18 месеци.