Петмина мртви при судир на воени хеликоптери во Франција

Два воени хеликоптера се судрија во јужна Франција, во близина на Сен Тропе. Во несреќата загинале најмалку пет лица, јавија светските медиуми. Според информациите, се судриле два хеликоптера за обука на војници, кај езерото Карсе.

„Во леталата имало по три членови на екипажот“, соопшти полицијата од градот Брињол. Пронајдени се телата на пет жртви, а се трага по уште еден член на екипажот, кој останал заглавен под урнатините на хеликоптерите.

Во тек е истрага за падот на леталата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ