
Пет загинати во ерупција на вулкан во Нов Зеланд
Најмалку пет луѓе загинаа во ерупција на вулканот Вајт Ијланд во Нов Зеланд, но непознат е бројот на повредените.
Вулканот еруптирал во моментот кога 50-тина туристи биле влезени во кратерот, кои биле во посета на ова туристичко место. 23-ца туристи се спасени, но операцијата за спасување е отежната поради условите. Во моментов, на полицијата и помага и војската на Нов Зеланд.
Вајт Ијланд, или познато како Вакаари, е едно од најпознатите туристички места во земјата. И покрај тоа што е на приватен имот, туристите масовно го посетуваат.
Ерупцијата се случи околу 14 часот по локално време и еден од туристите сними густ столб од чад и пепел како излегува од кратерот.