Пет убиени и повеќе од 20 повредени во редакцијата на американскиот весник „Капитал“

Најмалку пет лица се убиени и повеќе од 20 се повредени во нападот врз новинската редакција на весникот „Капитал“ во Анаполис, Мериленд. Едно лице отворило оган врз просториите на весникот по што интервенирала полицијата и го уапсила, а присутните во зградата веднаш биле евакуирани.

Еден од новинарите кои биле присутни во редакцијата за време на нападот, изјави: „Напаѓачот пукаше низ стаклената врата на мојата канцеларија и застрела повеќе вработени во весникот. Не можам да кажам повеќе од ова и не сакам никого да го прогласам за мртов, но ситуацијата е лоша“.

ФБИ соопшти дека засега нападот ќе го третира како локален инцидент, а не како терористички акт.

Мотивите за нападот врз редакцијата на американскиот весник „Капитал“ остануваат непознати.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ