
Пентагон не знае каде потрошил 800 милиони долари
Една од најголемите агенции на Пентагон не може да оправда потрошени 800 милиони долари, се наведува во извештајот на водечка ревизорска фирма, во кој имал увид весникот „Политико“.
Ревизорската фирма Ернд енд Јанг открила дека Агенцијата за логистика на американското МО не успеала да документира повеќе од 800 милиони долари вложени во градежни проекти.
„Политико“ наведува дека извештајот доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп предлага зголемување на воениoт буџет. Таа ревзија, како што оценува весникот, отвора нови прашања за тоа дали МО може одговорно да располага со годишниoт буџет од 700, а камоли со дополнителните милијарди кои Трамп планира овој месец да ги предложи.