(видео) Патниците скокале од авионот пред да експлодира

97 луѓе се повредени во падот на авионот во Мексико, а благодарејќи на чудото во несреќата нема смртно настрадани. Двајца од повредените се во критична состојба. Во авионот имало 103 патници, меѓу нив две деца и четири членови на екипажот. Патниците заедно со екипажот успеале некако да излезат од авионот пред тој да биде проголтан од огнот, по што експлодирал.

Дел од патниците сведочеа за локалните медиуми, и раскажуваат дека авионот се урнал брзо по полетувањето за време на поројниот дожд. Освен што им се изгорени личните работи, патниците, кои го напуштиле авионот низ тобоганот за спасување, му се заблагодаруваат на Бога за ова чудо. Најтешко е повреден пилотот.

Властите соопштија дека причина за падот на авионот најверојатно се лошите временски услови. Додека полетувал во реонот паѓал силен гради и имало големи електрични празнења.

Компанијата Аеромексико во изминативе десет години немал авионски несреќи со смртно настрадани.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ