Партиски извори: Германија доби влада по пет месеци неизвесност

Конзервативците на Ангела Меркел и социјалдемократите на Мартин Шулц постигнаа коалициски договор, пет месеци по изборите, jaвија западните медиуми повикувајќи се на партиски извори.

Вчера лидерите на партиите започнаа нова рунда преговори која е последна помеѓу двете страни, по почетокот на преговорите во месец јануари.

Политичките лидери бараа решение како да владеат заедно за да ја извлечат Германија од политичката неизвесност бидејќи без влада е од парламентарните избори во септември, со оглед на тоа што ниедна партија не доби јасно мнозинство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ