Парламентарните избори во Србија најверојатно на 19 или 26 април

Главниот одбор на Српската напредна странка ќе се изјасни на седица на 29 декември за датумот за одржување избори за Парламентот, и според извор од партијата, најверојатни датуми се споменуваат 19 или 26 април, пишува Блиц.

На таа седница според весникот, членовите ќе се изјаснат за датумот на парлaментарните избори, а ќе бидат претставени и нови лица од партијата.

Изворот нагласува дека седницата ќе биде можност за анализа на резултатите, но и да се зборува за плановите. – Ќе разговараме за најдобриот датум за парламентарни избори откако ќе завршат разговорите меѓу власта и опозицијата со посредување од европски парламентарци, нагласува изворот

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ