
Парижани се шокирани
„Огнот изби некаде околу 18 часот и 50 минути, нешто пред 19 часот. Париз е блокиран, целиот тој дел каде што се наоѓа катедралата е блокиран. Луѓето се евакуирани и се обидуваат да го изгасат пожарот што не можат да го изгасат. Претседателот на Франција Макрон е на лице место, тука е и надбискупот кој е на местото од самиот почеток. На лице место има многу пожарникари кои не успеваат да го изгасат пожарот. Парижани се шокирани исто како нас“, вели за Телма, Зерина Мусиќ, жител на Париз.
- Прогнозите се дека нема да остане ништо од катедралата, според она што го читаме овде. Дали е тоа точно и дали има основа за нешто такво?
„Знаете што, со обѕир на тоа што не можат да го изгасат огнот, тие прогнози за сега се остварливи. Она што сега го направија е тоа што прават анкета за утврдување на причините за пожарот. Пробуваат да го изгасат, но не успеваат. Огнената стихија зафати поголем дел од црквата и се плашам дека наскоро ќе падне покривот“, рече Мусиќ.