„Паразит“ напиша историја на Оскарите

Јужнокорејскиот филм „Паразит“ е најдобриот филм прогласен на овогодинешното доделување на Оскарите, со што е првиот филм од неанглиско говорно подрачје кој ја зема оваа врвна филмска награда, а доделувањето ексклузивно го пренесуваше Телма.

Немаше изненадување кај наградите за најдобри актери. Хоакин Финикс го доби Оскарот за најдобар актер за улогата во „Џокер“, а Рене Зелвигер беше наградена за својата улога на Џуди Гарланд. Бред Пит, Оскарот за најдобра споредна улога во „Беше еднаш во Холивуд“ го посвети на своите деца, а Оскар за најдобра женска споредна улога доби Лора Дерн во „Приказна за бракот“.

„Паразит“ ги однесе оскарите и за најдобар режисер, и за најдобро сценарио. Филмот е социјална сатира за две семејства од две различни класи кои живеат во Сеул, едните живеат во сиромаштија во подрум, а другото богато семејство живее во раскошна резиденцијлна куќа.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ