Папата Франциск во Апостолска посета на Бугарија

Бугарија е мостот меѓу истокот и западот, порача Папата Франциск во својот говор во Софија, додавајќи дека оваа земја е место каде се сретнуваат многу култури и цивилизации. Затоа, ги замоли Бугарите да ги отворат своите срца и домови за мигрантите, бидејќи земја како Бугарија која страда од од масовно иселување на својата популација, треба да ја разбере силата која ги тера луѓето да ги напуштаат своите татковини.

До сите Бугари, кои се запознаени со драмата на имиграцијата, со почит им порачувам да не го затвораат очите, срцата или рацете за оние кои ќе тропнат на вашата врата. Вашата земја секогаш се истакнувала за мост меѓу Истоткот и Западот способна да се справи со различните култури, етнички групи , цивилизации и религии кои со векови тука живеат во мир, порача Папата.

Папата претходно имаше средба со бугарскиот премиер во четири очи, а дали успеал да го убеди Бојко Борисов да ги отвори границите за новите азиланти, Борисов не беше конкретен. А на новинарите им кажа само мали детали од нивниот разговор.

Неговите молитви за мир се добро познати и многу важни, а тој истото го подвлече и за нашиот регион, од Крим до Западен Балкан. Не охрабри, тоа што го правевме со мостовите и автопатиштата, а токму тоа и го кажа пред заминувањето, дека мостовите и автопатиштата се поврзувачки, а тоа исто така го определува и мирот, изјави Борисов. 

Папата го поздравил и успешното европретседателство на Бугарија кое беше со акцент на премостување на проблемите во Западен Балкан. „Не е случајно и што од Бугарија папата заминува во посета на Македонија“, рече Борисов, кој му подари на понтифот грне бугарско кисело млеко.

Ова е вечната роза која го симболизира бугарскиот народ и желбата за мир во светот. А ова е кисело млеко што вашата баба ви го давала, ова е лично за вас.

Ја знаете мојата приказна?

Ја знам од вас. Ова се прави од бугарска бактерија и ова е за вас да си го носите дома.

Папата се сретна и со бугарскиот патријарх Неофит, а главниот настан ќе биде одржување на светата миса на плоштадот Кнез Александар.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ