Овации за Македонската Филхармонија во Шпанија

Шпанската публика со овации го награди настапот на Македонската филхармонија во рамките на двата концерта кои се одржаа во престижната  сала „Моцарт“во Сарагоса и во Конгресната палата во Хуеска. Со оркестарот на Македонската филхармонија настапи истакнатиот македонски виолинист Ѓорѓи Димчевски кој живее и работи во Мадрид и во Валенсија.

Од огромна важност за нашата инстутуција и за културата се разбира конечно претставување, репрезентативно на државата со еден полн симфониски оркестар со целата филхармонија како што заслужуваме. Сметам дека и со бисот ја претставивме македонската музика со танцот Пајдушка на Сони Петровски и сметам дека достојно ја претставивме државата. Соработката со шпанскиот диригент, маестро Рикардо Касеро совршената акустика и изборот на дела беа навистина предизвик за музичарите, вели Илиески.

Се разбира мораше да има дела на шпанската музика, тука беше шпанската симфонија на Едгар Лало која што ја изведе нашиот феноменален виолинист Ѓорчи Димчевски, исто така спој на руската музика, познатата Симфонија бр 6. на Чајковски.

Во серијата интернационални концерти во Сарагоса, сезонава свое место имаат тројца македонски претставници – Македонската филхармонија, виолинистот Ѓорѓи Димчевски и во февруари во 2019 година, пијанистот Симон Трпчески.

 

Нина Стефанова

 

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ