
Откриена статуа на Карл Маркс во родниот Трир, на годишнината од неговото раѓање
Во германскиот град Трир беше откриена статуа на германскиот филозоф Карл Маркс, на двесте-годишнината од неговото раѓање.
Бронзената статуа, висока четири и пол метри, е донација од Кина. Тоа предизвика критики од оние кои го обвинуваат Маркс за злосторствата на социјалистичките револуции во Русија и Кина, во име на комунизмот. На церемонијата во Трир имаше околу двесте луѓе, меѓу кои и кинеска делегација. Церемонијата и говорите беа нарушени од извици и свиркања на различни групи кои протестираа во близина.
Маркс е роден на денешен ден во Трир, а почина во егзил во Лондон, во 1883 година.