
Видео: Осуммина загинати, се трага по 21 исчезнат во бродската несреќа во Будимпешта
Спасувачката акција по 21 исчезнат во водите на Дунав во центарот на Будимпешта се уште трае. Дождот, ветрот и лошото време во текот на ноќта сериозно ја отежнуваа нивната работа. За сега е потврдена смртта на осум луѓе, меѓу нив и едно шестгодишно девојче. Седуммина од загинатите се туристи од Јужна Кореја, а еден е Унгарец. Инцидентот се случил синоќа во 22 часот откако крузер го удрил од страна малиот брод, по што брзо почнал да тоне. Јужнокорејските власти пред малку соопштија дека нивниот министерот за надворешни работи отпатувал за Будимпешта за да ја надгледува потрагата по исчезнатите во бродската несреќа. Унгарските власти отворија истрага, јужнокорејската влада ќе соработува со нив.
- Владата тесно ќе соработува со унгарските власти во истрагата на причините за несреќата. Ги замолив сите оддели да дадат се од себе во поддршката на семејствата на жртвите, рече Мун Јае-ин, претседател на Јуна Кореја.
На бродот Сирена се наоѓале 32-ца патници и двајца членови на екипажот кобното патување запрело кај мостот Маргарет, каде потпонал бродот. Од агенцијата Гуд Гуд Тур од Јужна Кореја, која го организирала патувањето, изјави дека бродот во средата ноќта се враќал од крстарењето кога се случил сударот со крузерот.
- Сите информации и факти ќе ги споредиме со медиумите и граѓаните на Јужна Кореја. Исто така ќе ги преземеме сите законски обврски за оваа несреќа, изјави Ли Санг-мо, Агенција „Вери гуд тур“.
Потонатиот брод е пронајден во раните утрински часови но, извлекувањето може да трае со денови. Локацијата е близу мостот Маргарет, недалеку од брегот каде се наоѓа неоготската зграда на парламентот. Седум лица се спасени и хоспитализирани и се наоѓаат во стабилна состојба. Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека туристите не носеле елеци за спасување.
Спасувачите трагаат километри низ водно по Дунав, но речната струја е јака и водата се надигнува додека во градот врне силен дожд. Температурата на водата е околу 10 степен Целзиусови. Десетици спасувачки екипи, меѓу нив војници и нуркачи се вклучени по потрагата на настраданети. Вработените во јужнокорејската амбасада во Будимпешта им помагаат на унгарските власти да ги идентификуваат спасените и загинатите. Унгарските медиуми пишуваат дека претходно пловилото, кое има две палуби, имало проблеми со моторот, а пред две години истиот брод се удрил во брегот од реката.
Билјана Ставрова