
Осум жртви во пожар во Париз (видео)
Едно лице е приведено по пожарот во Париз во кој загинаа осуммина, а се повредени 27, меѓу кои и тројца пожарникари.
Билансот на жртвите во огнената стихија може да биде поголем, имајќи предвид дека огнот се уште не е изгаснат на седмиот и осмиот кат од зградата, која се наоѓа во југозападниот дел од Париз.
Пожарот избувнал околу еден часот по полноќ, по што интервенирале ококолу 200 пожарникари. Пожарникарите спасиле триесетина лица, кои побегнале на покривот од зградата. Евакуирани се и соседните згради. Во моментов повеќе улици во овој луксузен кварт на Париз се блокирани од полицијата и пожарникарите.
Причината за инцидентот се уште не е позната, но истражните органи сметаат дека станува збор за намерно подметнат пожар.