Осудената за шпионажа Мариа Бутина од САД се врати во Москва

Триесетгодишната Мариа Бутина, за Русите понижена жена, за Америкаците таен агент, денеска пристигна во Москва. Со букети цвеќиња беше пречекана на аеродромот Шереметјево, ден предходно беше ослободена од затворот во Флорида за што им се заблагодари на руските дипломати за нивните напори за нејзино ослободување.

  • Многу сум среќна што се вратив дома. Голема блогадарност на сите кои ме поддржуваа, сите руски граѓани кои ми дадоа поддршка, ми пишуваа писма и ми помагаа со збор и дело, изјави Мариа Бутина.

По прегратките од нејзиниот татко, тука беше и портпаролката на руското МНР, која со солзи радосници рече дека Бутина била понижена од американските власти кои без докази ја осудиле. Таа се обиде да ја инвестира својата младост и својот талент, во контакти со луѓето, рече Захарова.

  • Имам солзи веројатно, но апсолутно сум среќна. Предходно разговарав со нејзиниот татко. Сигурена сум дека тоа е мал, краток разговор со неа. Јас сум апсолутно среќна затоа што се вложија заеднички напори на Руските власти, владите, нашите амбасади, нашите постојани мисии во меѓународните организации, нашето граѓанско општество, не само руските, туку и меѓународните медиуми. Така, апсолутно сум среќна, рече Марија Захарова, портпарол на МНР на Русија.

Од изборот на претседателот Доналд Трамп, руските власти постојано ги обвинуваат проблематичните односи за таканаречената „русофобија“ пренесена од администрацијата на претседателот Барак Обама.

  • Ова, за жал, го започна претходната администрација на САД – обидувајќи се да ги уништи нашите билатерални односи. Значи, ние објаснивме многу за ова прашање, рече Марија Захарова, портпарол на МНР на Русија.

Но, која е Мариа Бутина. Таа единствената руска државјанка осудена во истрагата за влијанието на Москва врз домашната политика на САД, беше поврзана со Националното здружение за оружје, кое и овозможи да се поврзе со Доналд Трамп пред неговиот избор за претседател на Соединетите држави, како и со неговиот син. Бутина во април, беше осудена на 18 месеци затвор, од кои отслужи половина.

Пред американскиот суд рече дека сака да им обезбеди подобри врски на САД со нејзината татковина, но признала дека таа и поранешен републикански конгресмен работеле на поттикнување контакти во Националното здружение за оружје за да ги следат врските со американските конзервативци. Во јули 2018 година беше прогласена за виновна за заговор за „промовирање на руските интереси“. Москва го обвини Вашингтон дека ја присилиле да признае „смешни обвинувања“.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ