
Осуда за Нетанјаху за анексија на дел од окупираниот Запден брег
Арапските нации го осудија планот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за анектирање на дел од окупираниот Западен Брег. Нетанјаху вчера објави план за анексија на долината Јордан, голем дел од Западниот Брег, доколку победи на изборите следната недела. Официјални лица од Јордан, Турција и Саудиска Арабија остро го критикуваа тој потег, додека Арапската лига го оквалификува како „агресија“.
- Оваа изјава советот ја смета како сериозен развој и нова ирзаелска агресија преку нивната намера повторно да го прекршат меѓународното право, повелбата на ООН и резолуциите кои се однесуваат на меѓународната легитимност, изјави Ахмед Абул Геит – Генерален секретар на Арапската лига
По шестдневната војна во 1967 година Израел го окупира Западниот Брег и периодично гради доселенички населби што предизвикува меѓународна осуда.
- Секоја израелска одлука да ги наметне своите закони, јурисдикција или администрација во Западнито брег е без меѓународен правен ефект. Таквиот равој би бил разорен за потенцијалната обнова на преговорите, регионалниот мир и самиот поим на решението за две држави, изјави Стефан Дужарик – Портпарол на Генералниот секретар на ООН
Најавата на премиерот израелските политички коментатори ја сметаат како обид да се одврати поддршката за екстремно десничарските противници, кои долго време се залагаат за анексија на еврејските населби на Западниот Брег.
- Денес ја објавувам намерата по формирањето на новата влада да ги ставам под израелски суверенитет долината Јордан и северното Мртво Море“, рече Нетанјаху, нарекувајќи ја областа „источна граница на Израел, изјави Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел
Околу 65.000 Палестинци и 11.000 израелски доселеници живеат во долината Јордан и на бреговите на северното Мртво Море, според податоците на израелската група за човекови права Б’Тселем. Главната палестинска област е Ерихон, која има околу 28 села и помали бедуински заедници.
Игор Трајков