
Осомничениот за серијата испратени пакети бомби соочен со шест децении затвор
Педесетишестгодишниот Сезар Сајок е главниот осомничен за серијата испратени пакети бомби до критикувачите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше уапсен на Флорида. Според обвинението што е покренато против него тој се соочува со пет обвиненија од испраќање на екплозивни писма до напад врз поранешни претседатели.
Тој е обвинет е дека испратил над 10 импровизирани бомби до главните критичари на Трамп – важни демократи, меѓу кои се и поранешните претседатели Бил Клинтон и Барак Обама, и до СНН.
Ниту една бомба не експлодира и никој не е повреден, но сега според обвинениејата, аматерскиот бодибилдер и поранешен стриптизер, како и осаменик со дебело полициско досие Сезар Сајок би можел да не излезе од затвор цели шест децении.
Политиката не била негова силна страна но од пред две години му станал целоно лојален на Трамп, на своите профили на социјалните мрежи редовно објавувал видео од неговите митинзи. Мирно го поднел апсењето, велат очевидците. Полицијата го пронајде во комбето „доџ рем“ во кое живеел од 2002-та година.
– Не, не видов дека даваше некаков отпор. Ги гледав како одат од него… тој бепе на земја каде што беше паркирано неговото комбе и видов дека го земаат од каде што комбето, тој лежеше на земја. Му ставија лисици лисици и го придружуваа до црното возило што излгледаше како голем пикап камион, објаснува очевидецот Томас Фиоре.
Досега ширум САД полицијата пресретна 12 пакети. Ниту еден пакет не експодираше и засега не е јасно дали намерата била некого физички да повредат или да шират страв и вознемиреност. Но ФБИ не ја исклучува можноста дека низ државата патуваат уште сомнителни пакети.
– Со денешното апсење не значи дека се излезе на виделина. Можеби има и други пакети кои се во транзит, кои се на пат. Затоа потребна ни е помош од сите, од секој граѓанин, сите кои го спроведуваат законот, сите можеме да помогнеме во оваа истрага во наредните денови, рече Кристифер Врај, директор на ФБИ.
Иако предходно поранешниот шеф на разузнавачката служба Џејмс Клапа испраќањето на пакетите ги нарече домашен тероризам.. Директорот на ФБИ, Крис Врај, пред новинарите не можеше да одговори зошто цел на Сезар Сајок биле токму Демократите, па се обиде американски државен правобранител, Џеф Сешн.
– Можете ли да ни потврдите зошто целта му биле Демекратите?
– Не знам ништо повеќе од она што е вообичаено очекувано. Можеби бил дел од тоа – изгледа дека е партизан, но тоа би го потврдиле фактите кога случајот би се развивал понатаму. Сега не сум во можност тоа да го коментирам, рече Џеф Сешн, американски државен правобранител.
Критичарите го обвинија американскиот претседател Доналд Трамп дека го поттикнал насилството со својата потпалувачка реторика, бидејќи бомбите се испратени до лица и организации што постојано се цел на негови напади. Трамп, пак, за запаливата атмосфера ги обвини „насилните“ медиуми.
– Јас само размислувам, кој е напаѓан повеќе од мене? Бен, дали некој го добива тоа? – Лажни вести. Јас сум, добивам, напади. Мислам, се повеќе. Можеби, можеби повеќе од било кој. Не знам. Ќе ја направам најдобрата работа за нашата земја и на мрежите на различни… тие ќе го прикажат лошо. Тие ќе го превртат. – Лажни вести, рече Доналд Трамп, претседател на САД.
Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, одговори дека Трамп би требало да запре да ги обвинува другите и оти е подобро да се „погледне во огледало“. Бренон му порача на Трамп да се „обиде да делува претседателски“.
Билјана Ставрова