
Ослободен од затвор аналитичарот кој му ги достави документите на Викиликс
Американски суд одлучи да го ослободи од затвор поранешниот разузнавачки аналитичар на американската армија Бредли Менинг, кој по промената на полот го смени името во Челзи Менинг.
Менинг требаше денеска да сведочи во случајот против Викиликс и беше во притвор во сојузната држава Вирџинија од мај минатата година. Но судијата одлучи дека повеќе нема потреба од нејзиното сведочење.
Во 2013 година Менинг беше осуден/а за повеќе точки меѓу кои шпионажа затоа што на Викиликс му доставил тајни документи од американската армија.
Одлуката за ослободување од затвор доаѓа само еден ден откако нејзиниот адвокатски тим објави дека Челзи се обидела да си го одзеде животот во притворот во Вирџинија.