Oштетени згради и патишта по земјотресот во Калифорнија

Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди јужна Калифорнија, оштетувајќи згради и патишта, а има и повредени, објавија локалните власти.

Епицентарот на земјотресот, најсилен во изминатите 20 години, бил во во близина на Риџкрест, на околу 240 километри од Лос Анџелес, на длабочина од околу 900 метри.

Земјотресот со јачина од 6,4 степени ја погоди истата област во четвртокот, а беше   на длабочина од скоро 11 километри. Новиот потрес ги оштетил патиштата во тој дел од Калифорнија.  Локалните власти соопштија дека добиле голем број повици за повредени, како и за пожари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ