Оружен напад во Будва, две лица се повредени

Две лица се повредени во оружен напад во Будва, по што полицијата го блокирала градот.

Како што соопшти полицијата, повредените се надвор од животна опасност и се префрлени во которската болница. Веднаш по инцидентот, кој се случил два часа по полноќ, полицијата го блокирала градот.

Според локалните медиуми, нападот се случил во ресторан во Будва откако непознато лице, кое носело силиконска маска, отворило оган од засега непознати причини.Истрагата е во тек.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ