Организаторот на нападите во Шри Ланка и самиот загинал во нив

Лидерот на екстремистичката група, што изврши осум самоубиствени напади во Шри Ланка, беше убиен од една од експлозиите во нападот, рече претседателот Маи-трела Сирисена. Потврдено е дека Захаран Хашим се разнел со бомба во еден од луксузните хотели што покрај црквите биле цел на нападите. Според истражителите, радикалниот проповедник Захаран Хашим бил убиен во хотелот Шангри-Ла во главниот град Колумбо. Захаран наводно го предводел нападот врз хотелот и со него бил уште еден бомбаш самоубиец.  Внимателно биле проучени цртите на лицето на Захаран на достапните камери за надзор,  а потоа се споредени со тие на бомбашот самоубиец и претпоставиле дека тој е загинат. Но, ДНК тестирањето ова го потврдило.

Разузнавачките служби потврдуваат дека има околу 130 осомничени, поврзани со Исламската држава во земјата и дека полицијата бара 70 од нив кои се се уште во бегство. Во меѓувреме здравствените власти на Шри Ланка го намалија бројот на загинати за 100 во нападите за време на католичкиот Велигден. Потврдуваат дека бројката е 253 лица.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ