Опозициската сенаторка Ањез се прогласи за привремен претседател на Боливија

Боливиската политичарка и попретседател на Сенатот од редовите на опозицијата Жанин Ањез синоќа се самопрогласи за привремен претседател на земјата по оставката на Ево Моралес и неговиот потпретседател. Преземањето на функцијата беше потврдено и од уставниот суд. Поранешната телевизиска водителка која стана лидер на опозицијата во Сенатот, со Библија во раката им порача на Боливијците дека никогаш повеќе, никој нема да им го украде гласот.

  • Ќе се посветам на враќање на демократијата во земајта, на смирување на ситуацијата во земјата во текот на ова кратко време во кое ќе работам. затоа што Биливијците заслужуваат да живеат во слобода, заслужуваат да живеат во демократија и никогаш повеќе нивниот глас да не биде украден, изјави Жанин Ањез – Привремен претседател на Боливија.

Кратко по нејзиното прогласување, приврзаниците на опозицијата излегоа на улиците да го поздрават првиот чекор кон враќањето на демократијата.

  • Сега можеме да кажеме дека вредеше се што направивме. Многу сме среќни, сите ние кои се боревме и пружавме отпор на плоштадот Муриљо, вели Серхио Малдонадо – подржувач на опозициајта.

Како потпретседателка на Сенатот, по оставката на претседателот на законодавниот дом од редовите на владејачкото Движење за социјализам, таа прво ја презема контролата врз Сенатот, што и даде право според уставот да ја презеде и претседателската функција. Сенаторите од редовите на партијата на Моралес ја бојкотираа седницата, додека самиот тој на твитер, пишувајќи од азилот во Мексико, обвини дека бил извршен најподмолниот и најнечесниот државен удар во историјата.

Моралес си поднесе оставка во неделата по насилните протести  тврдејќи дека се повлекува по своја волја за да прекине крвопролевањето во земајта. Кратко по тоа Моралес замина во Мексико каде побара азил затоа што во Боливија по оставката од функцијата неговиот живот бил во опасност.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ