
(видео)Опозицијата води на локалните избори во Хон Конг
Опозиционото движење за демократија во Хонг Конгу оствари голема предност на локалните избори на штета на про-Пекинг кандидатите, објавуваат локалните медиуми. Според весникот Саут Чајна Морнинг пост од досега избројаните гласови тие освоиле 138 места во окружниот совет, а Про-Пекинг кандидати само 16.
Изборната комисија најави дека резултатите ќе ги објави во понеделник. Рекорден број на гласачи излегоа на денешните локални избори. Гласаа повеќе од 2,9 милиони граѓани односно излезност над 71% со што е надминат одзивот од пред четири години. Изборниот процес помина мирно без ниту еден гласач облечен во црно или со маска на лицето.
Поддршка за опозицијата значи дека јавноста во оваа полуавтономната кинеска територија и понатаму ги поддржува демонстрантите, па дури и кога се случуваат насилства. Дел од аналитичарите предвинуваат нерешен изборен резултат, а дел од политичарите блиски на лидерката Лам, повикувајќи ги гласачите на поддршка за насилствата ги обвинија демонстрантите кои имале поддршка од САД.
- Всушност ова псевдо акт на демократијата и човековите права. Го гледате Хон Конг во таков неред. Кој го направи тоа? Во сите сцени на насилство во сенка се гледаат американските знамиња, кој го нарекуваат закон за правата и демократијата, а всушност дозволува насилство. Ако полицијата се обиде да го спречи насилството, тие ќе бидат на удар на САД, што е навистина смешно, Бен Чан Хан-пан, член на парламентот на Хонг Конг.
- Мислам дека тоа е навистина апсурдно. Хонг Конг е одсекогаш дел од Кина, Соединетите држави сакаат да се мешаат во нашите внатрешн и работи преку едно такво законодавство, што е недозволливо со меѓународното право, вели Николас Мук, наставник во средно училиште.
До сега не е пријавен ниту еден прекршок на изборниот процес, освен заробените демонстранти кои останаа во универзитетскиот кампус и не го остварија своето гласачко право. Мал број од нив денеска се плашеа да го напуштат универзитетот кој е блокиран веќе осми ден.
Еден од демонстрантите замотан во црвено со инвалидска количка вечерва беше однесен со брза помош, но на новинарите не им беше соопштено која е причината за негова хоспитализација.
Некои го напуштиот универзитетскиот кампус уште пред викендот но дел останаа таму. Спортската сала каде тие престојуваа сега е напуштена, таму останаа разни парчиња облека, храна и други предмети.
Според сегашниот изборен систем, жителите можат да избираат 94 отсто од местата во окружниот совет и половина во градскиот парламент.
Лидерот на градот може да биде номиниран и избран само од страна на комитет што има 1.200 членови, главно од прокинеската елита во градот.
Опозицијата се обидува да ја натера кинеската Влада да ја почитува целосната демократија за која вели дека им е ветена со Основниот закон, или мини Уставот на градот, што на жителите им дава право сами да го изберат својот лидер. Тоа е всушност едно од петте главни барања на демонстрантите.
Билјана Ставрова