
ОН: 58 мигранти удавени кај брегот на Мавританија
Најмалку 58 мигранти се удавиле, најмногу жени и деца, откако брод што превезувал околу 150 мигранти од Гамбија потонал крај брегот на Мавританија, соопшти денеска Агенцијата за миграција на ОН (ИОМ).
Властите на Мавританија соопштија дека 58 мигранти загинале, а преживеани рекоа дека бродот ја напуштил Гамбија минатата среда. Преживеаните исто така рекоа дека имало жени и деца во бродот, како и дека 83 лица успеале да допливаат до брегот.